презентација и работилница „Денот на европските јазици”

Здружението за македонско-германско пријателство Битола во соработка со НУУБ „Св. Климент Охридски” Битола организира презентација и работилница по повод „Денот на европските јазици” во салата за промоции на Библиотеката на ден 26.09.2018 во 11.00 часот. На три различни места ученици ќе имаат можност преку креативен начин да се запознаат со изучување на англискиот, германскиот и францускиот јазик. Учениците кои успешно ќе ги поминат јазичните вежбите можат да се стекнат со јазичен пасош. Проектот е поддржан од Гете институтот.