111 ученици од Битола презентираа проекти на германски јазик како да им е мајчин (Фотогалерија) www.apla.mk

111 ученици од Битола презентираа проекти на германски јазик како да им е мајчин (Фотогалерија)

Со презентација на проекти подготвени на германски јазик, 111 ученици од битолски училишта предводени од нивните професори го прославија 22 роденден на Здружението за македонско-германско пријателство и соработка од Битола. Малата сала во Центарот за култура беше преполна од ученици кои учествуваа во манифестација и други гости кои дојдоа да ја проследат програмата. Учениците на сцената покажаа солидно говорење, читање и разбирање на германскиот јазик како да им е мајчин, што пак беше резултат на нивното интересирање за него и заеднички вложениот труд со нивните професори.

На сцена со проекти настапија ученици од основните училишта „Тодор Ангелевски“, „Коле Канински“, „Гоце Делчев“, средното економско училиште „Јане Сандански“, гимназијата „Јосип Броз Тито“ и едно приватно училиште. www.apla.mk