основачко собрание

На ден 23.11.1996 година во малата сала при Домот на културата се одржа основачкото собрание на Здружението за македонско-германско пријателство и соработка – Битола на кое присуствуваа над 100 гости.Основачкото собрание беше организирано од страна на иницијативниот одбор. Свечениот чин на основањето на здружението го збогатија со своето присуство претставници на Амбасадата на СР Германија, претставници на германски фондации во Македонија, претставници на ОБСЕ, претставници од Катедрата за германски јазик и книжевност и институтот за германско македонски односи при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје, претставници на ЗМГПС од Скопје, претставници од општината Битола и голем број на професори по германски јазик, кои станаа членови на Здружението за македонско-германско пријателство и соработка – Битола. Самото собрание беше збогатено и со културно уметничка програма, беше прочитана германска поезија, а за музичкиот дел се погрижија КУД Стив Наумов Битола и средното музичко училиште од Битола.