23 години од формирањето на Здружението за македонско-германско пријателство

Со приредба на германски и македонски јазик, 70 ученици од 6 основни и средни училишта во Битола ја одбележаа 23 годишнината од постоењето на Здружението за македонско-германско пријателство во Битола.

На свеченоста, Д-р Валентина Илиева професор по германски јазик и основач на здружението констатираше дека ако пред 23 години професијата професор по германски јазик беше загрозена, бидејќи имаше помалку настава по германски јазик, денеска истакна дека можат да се пофалат дека во сите основи и средни училиште се одржува настава по германски јазик.

На роденденот тие прославија 250 години од раѓањето на Александар Фон Хумболт и 200 години од раѓањето на Клара Шуман.

 

Прочитај повеќе на ТВ Тера