Омаж за Брамс во Офицерски дом- концерт кој долго ќе се памети

Здружението за македонско-германско пријателство и соработка од Битола во соработка со здружението Арс Ад Астра од Битола и со поддршка од Гете-институт од Република Северна Македонија, го одбележaa 125 годишниот јубилеј од смртта на композиторот Јоханес Брамс. Во концертот насловен како „Омаж за Брамс“, со учество во четирирачни состави настапија пијаниските Татјана Божиновска, Билјана Димовска, Маја Божиновска и Верица Дивитарова, кои во Офицерскиот Дом во Битола ги изведоа ненадминливите класици на композиторот Јоханес Брамс. На програмата беа Брамсовите Сувенири за Русија, 16 Валцери оп.39 и Унгарски танци бр. 1,2,4 и 6.

 

 

„Уметниците не̍ поведоа преку дирките на клавирот до творештвото на Брамс. Еден од тројцата најзначајни музичар чие презиме започнува на буквата Б (Бах, Бетовен и Брамс). Во Офицерскиот дом, Здружението за македонско-германско пријателство и соработка во изминатиот период има организирало бројни активности, како Концерт на хорни на 05.03.1997, Поетска и сонатска вечер 21.12.1998, Концерт на гудачки квартет Кленке од Вајмар Германија 20.01.1999, театарска претстава Моцарт 16.05.2003, годишно собрание на ЗМГПС и многу др. А и концертот за Брамс убедена сум дека битолската публика долго ќе ја памети“, рече Валентина Илиева, претседател на ЗМГПС од Битола.

 

 

-Brams рекол: „Не е тешко да се компонира, но страшно тешко е да се сокријат излишните ноти“. (Es ist nicht schwer, zu komponieren. Aber es ist fabelhaft schwer,die überflüssigen Noten unter den Tisch fallen zu lassen.) Како што на Брамс не му било тешко да компонира, така и нашите почитувани пијанистики Татјана Божиновска, Билјана Димовска, Маја Божиновска и Верица Дивитарова со голема љубов и посветеност ги изведоа четирирачните состави од Сувенири за Русија, 16 Валцери оп.39 и Унгарски танци бр. 1,2,4 и 6 во Омажот на Брамс,- додаде Илиева.

 

 

Извор: apla.mk