Германската Амбасада Скопје за нас

20-годишнината од основањето на Здружението за македонско-германско пријателство и соработка Битола

По повод 20-годишнината од основањето на Здружението за македонско-германско пријателство и соработка Битола на 23.11.2016 г. амбасадорката на Германија, д-р Кристине Алтхаузер, присуствуваше на свеченоста која се одржа во прекрасниот амбиент на Музејот и завод Битола, на која претседателката на Здружението, д-р Валентина Илиева, во своето обраќање се осврна на плодната работа на истото на полето на воведувањето и поларизацијата на германскиот јазик во Битола и на многубројните организирани настани во изминатите години. Сето ова беше придружено со богата  културно-уметничка програма каде што многубројните посетители можеа да уживаат во одличната изведба на германски и македонски песни на хорот на КУД „Стив Наумов“ под диригентската палка на Љубомир Трифуновски, во прекрасните гласови на најмладите „Ѕвончиња“ подготвени од раководителката на детскиот хор Марина Коруновска, сплет од македонски изворни ора и песни во изведба на Асоцијацијата за фолклор „Плетенка“, а сето тоа заокружено со  изложба на која беше презентирана успешната работа на Здружението низ годините.

Претседателката на Здружението д-р Илиева додели голем број на благодарници на поддржувачите и активните членови на Здружението кои несебично ја унапредуваат работата, меѓу кои на Амбасадата на Германија, Гете-Институт, голем број на наставници, раководители на институции, професори и други.

Линк: http://www.skopje.diplo.de/Vertretung/skopje/mk/06/Eigene_20Seiten/20JahreFreundschaftsgesellschaft__Bitola.html