Почитувани пријатели,
Добредојдовте на веб страната на Здружението за македонско-германско пријателство и соработка Битола, изработена по повод 20 годишниот јубилеј на Здружението. Во неа ке најдете голем број на информации за нашето здружение, за нашите цели и програми и резултатите за досегашното работење. Имено од 23.11.1996 па се до денес во Здружението се сплотија голем број на активности, од сите области на пријателството и соработката меѓу двата народа, македонскиот и германскиот. Почнувајќи од изложби, семинари, филмови, театарски претстави, културни и стопански соработки па се до воведување на германскиот јазик во голем број на основни и средни училишта и на факултетите во нашиот град се резултат на планот и програмата донесени на основачкото собрание.
д-р Валентина Илиева
претседател