Најголемата тајна на економската моќ на Германија е стручното образование, рече заменик амбасадорот на Германија при посетата на Техничкото училиште во Битола
Кабинетите по физика и практична настава – електроенергетика во Техничкото училиште ,,Ѓорѓи Наумов“ од Битола кои се опремени со грант од германската амбасада, денеска ги посети заменик амбасадорот на СР Германија во нашата држава , д-р Петар Шалер, симболично предавајќи ги во употреба.
Грантот од Амбасадата изнесува 5500 евра, додека помошта од Општина Битола за докомплетирање на кабинетите е во висна од 230 000 денари. Професорката по физика Донка Наумовска пред заменик амбасадорот демонстрираше како се користат дел од нагледните средстав во кабинетот по физика.